Федерер прв носител на „Вимблдон“
Англија – Како што се очекуваше, Роџер Федерер е ставен под бр.1 на Вимблдон, а Рафаел Надал е втор носител, иако Шпанецот е лидер во светската АТП листа.
Како што е познато, „Вимблдон“ е единствениот Гренд слем турнир во кој носителите не се определуваат само на база на позиција на ранг-листата.
Кај мажите особено 32-та носители се дефинираат токму од листата на АТП, но меѓу нив може да има промени кои се прават на база на претставувањето на тенисерите во турнирите на трева во последните две години.
Така, осумкратниот шампион на светата трева, Федерер ја зазема симболичната лидерска позиција во шемата. Другата промена меѓу првите е тоа што број шест во светот, Марин Чилиќ, кој е финалист од 2017, е под број три, поместувајќи ги Александар Зверев и Хуан Мартин Дел Потро.
Другите големи промени се поврзани со Новак Ѓоковиќ и Милош Ракониќ, кои се 12-ти и 13-ти, иако според рангирањето на АТП се 17-ти, односно 32-ри.
Меѓу носителите, сепак, не е двократниот шампион, Британецот Енди Мареј, кој ќе биде најтешкиот потенцијален ривал во првите кругови за другите фаворити.