Фамилија


ЛЕЈЛА САБИТ

Моќен збор во македонското живеење и менталитет.

Збор кој се шепоти и предизвикува страв или почит.

Домаќинска куќа не бива без фамилија.

Успешна кариера не бива без фамилија.

Среќата и здравјето ви зависат од поддршката на фамилијата.

Никој не ве разбира повеќе од фамилијата.

Кога си во врска, те прашуваат од која фамилија е.

Кога те примаат на работа, те прашуваат од која фамилија си.

Без фамилија си никој и ништо.

Кој растел без фамилија, знае.

Ако во животот не створиш своја фамилија, нешто ти фали и те гледаат под око.

Затоа:

Почитувај си ја фамилијата.

Сакај си ја фамилијата.

Штити си ја фамилијата.

Не се играј со фамилијата.

Не се замерувај со фамилијата.

Не се карај со фамилијата.

Што и да случи, нека остане во фамилијата.

Зашто, никој не те познава подобро од фамилијата.

Поздрав до фамилијата!