Уставниот суд отфрли иницијатива на СМК за НАТО
Уставниот суд, на денешната седница, донесе едногласна одлука да не поведе постапка по иницијативата на Светскиот македонски конгрес (СМК) за укинување на Одлуката за стапување на Македонија во членство во НАТО.
Станува збор за Одлука на Собранието, донесена на 23 декември 1993 година, за која СМК смета дека е неуставна. Од СМК сметаат дека Собранието, пред речиси 25 години, донело Одлука за влез на Македонија во НАТО врз основа на членот 121, а не врз основа на членот 120 од Уставот, со што, според проценката, е извршена груба повреда на уставните одредби.
Од Судот, пак, велат дека оваа Одлука е донесена во регуларна постапка и дека не е уставно проблематична. Поради тоа таа останува во правниот поредок.