Ураганот Флоренс предизвика 44 милијарди долари економска штета
САД – Економската штета од ураганот Флоренс изнесува 44 милијарди долари, проценува компанијата Мудис.
Според компанијата, штетата е еквивалентна на земјотресот што го погоди Нортриџ во Калифорнија во 1994 година.
Компанијата додава дека ова е прелиминарна проценка, дополнувајќи дека „Флоренс” е меѓу десетте најштетни урагани.
Ураганот „Катрина“ во 2005 година предизвика најголема штета, во вредност од 192,2 милијарди долари, додека минатогодишниот ураган „Харви“ нанесе 133,5 милијарди долари економска штета.