Умерено облачно со услови за локален дожд


Времето во Македонија ќе биде умерено облачно, во западните и југозападните делови претпладне со услови за локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено попладне.

Утринската температура ќе се движи од 2 до 11 степени, а дневната температура од 22 до 27 степени. УВ-индексот ќе изнесува пет.

Во Скопје ќе биде умерено облачно со умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од 6 до 24 степени.

Подрачјето на Македонија ќе се наоѓа на периферија од циклонската активност од Медитеранот, времето во наредните денови ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, локално ќе има услови за слаб и краткотраен дожд. Температурата на воздухот ќе има благ пораст.