УЕФА отвори истрага против Зенит
Европската фудбалска федерација (УЕФА) отвори случај против рускиот клуб Зенит за однесувањето на неговите навивачи на средбата со Лајпциг во Лига Европа.
Случајот е отворен поради фрлање предмети на терен, на трибини, блокирање на скалите на трибините, како и расизам на трибините од страна на навивачите на рускиот клуб.
Натпреварот се одигра на 15 март во Санкт Петербург и заврши 1:1 по што со вкупни 3:2 Лајпциг се пласира во четврт-финалето.
УЕФА за евентуална санкција за Зенит ќе одлучува на состанок закажан за 31 мај