УЕФА ги казни Јунајтед и ПСЖ


Дисциплинската комисија на УЕФА ги казни Манчестер Јунајтед и Пари Сен Жермен по полуфиналето на Лигата на шампионите. Финансиските санкции за двата клуба се поради нивните навивачи.

„Црвените ѓаволи“ ќе треба да платат 16.000 евра поради фрлени предмети кон теренот, како и блокирање на дел од излезите на стадионот.

Францускиот шампион Париз Сен Жермен е казнет „посолено“. Парижаните ќе платат 41.000 евра за запалените факели во гостинскиот сектор, како и за фрлање предмети на теренот.

ПСЖ го освои првиот натпревар со 2:0 по головите на Кимпембе и Мбапе. Реваншт е на „Парк де Пренс“ во среда.