Убиство во тетовска Мала Речица
Едно лице е убиено, а две се повредени во вооружен инцидент, што попладнево се случил во тетовското село Мала Речица.
Инцидентот, како што јави дописникот на МИА од Тетово, се случил во близина на „Шпар маркет“ во Мала Речица, каде полицијата веќе го блокирала пристапот и работи на расветлување на случајот.
Повредените се наоѓаат во Клиничката болница Тетово, каде е пренесено и телото на убиениот.
Инцидентот, како што потврдија за МИА од МВР, се случил околу 18:20 часот во Мала Речица, при што досегашните информации има двајца повредени, а две лица се приведени во врска со вооружениот инцидент.