Турција ќе го добие својот прв самоуправувачки автомобил


Компанија АВЛ, чие седиште е во Истанбул, има намера до 2020 да почне со тестирања на својот прв автомобил без возач, објави весникот „Дејли сабах”.

На новото хибридно возило работат турски инженери, а директорот на компанијата, Умут Генч соопшти дека првото претставување на самоуправувачкиот автомобил ќе се случи догодина.

– Целта е таа технологија да биде што подобро приспособена кон условите на турскиот мегалополис – објаснува Генч.

Истанбул инаку е познат по густиот сообраќај и невнимателното возење, така што конструкцијата на вакво автономно возило може да биде сериозен предизвик.