Турција нема веќе да зема кредити од ММФ
Анкара – Властите во Турција немаат намера повеќе да земаат кредити од Меѓународниот монетарен фонд, изјави денеска претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
– Модерна Турција нема потреба од заеми и теничка поддршка од ММФ, изјави Ердоган.
Според него темата за кредитирање од ММФ е затворена еднаш засекогаш.
Во 2013 година Турција го исплати на ММФ последниот заем земен од тој фонд.