Фенербахче му понуди нов договор за Елмас


Турскиот гигант Фенербахче, му понудил продолжување на договорот на младиот македонски фудбалски талент Елиф Елмас, во обид да го задржи на подолг период.

На Елмас кој изминатото лето мина во Федербахче со кој потпиша тригодишен договор, раководството на клубот решило дополнително да ја му понуди продолжување на соработката и тоа со времетраење од пет години.

Елмас кој беше прогласен за најдобар македонски млад фудбалер на неодамнешниот избор во организција на Фудбалската федерација на Македонија, сеуште нема официјален настап за тимот од Истанбул, поради правилата на ФИФА.

Неговото официјално деби се очекува во јануари, а засега нема потврда дали Елмас решил да ја прифати новата понуда од Фенербахче.