Тропската бура Мајкл може да премине во ураган


Тропската бура Мајкл може да засили и да премине во ураган, додека се движи кон северозападниот дел на Флорида, соопшти американскиот Национален центар за урагани.

Центарот наведе дека во моментов ветровите се движат 65 километри на час.

Се очекува бурата да премине во ураган во вечерните часови во текот на утрешниот ден, поради што населението во североисточниот и централниот американски залив се советува да ја следи состојбата.

Гувернерот на Флорида, Рик Скот изјави дека планира да прогласи вонредна состојба во неколку области.

Бурата е лоцирана на 145 километри од популарниот остров Козумел во Мексико.