Три македонски филмови финалисти на 6. LET’S CEE во Австрија


На шестиот фестивал на филмови од Централна и Источна Европа LET’S CEE, кој ќе се одржува од 13-ти до 22 април во Австрија, првпат ќе учествуваат три македонски финалисти.

Меѓу 15-те финалисти ќе бидат филмовите „Еклер“ на Марко Ѓоковиќ, „Тие доаѓаат од центарот на светот“ на Дина Дума и „Види ја ти неа“ од Горан Столевски. Ѓоковиќ и Дума ќе учествуваат во Академијата за таленти на филмскиот фестивал LET’S CEE.

Продуцентот Атанас Георгиев, пак, ќе го претстави својот филм „Со љубов“ (Avec L’Amour) на натпреварот за документирани филмови, а Ѓорче Ставрески филмот „Исцелител“ – на конкурсот за надежни дебитанти.

На фестивалот ќе бидат прикажани вкупно 162 играни, документарни и кратки филмови од Централна и Источна Европа. Ќе биде организирана и прва изложба на кинематографија за виртуелна реалност во Австрија.

Под мотото „Опасно добри филмови“ филмовите ќе се прикажуваат во осум кина во Виена и во други места за скрининг, како и во Грац, Вилах и првпат во Салцбург.

Победниците на LET’S CEE ќе бидат објавени на 21 април во текот на церемонијата на доделување награди. Кира Муратова и Марта Мезарос – легендарни претставници на источноевропската кинематографија се добитници на наградата за животно дело.