Трамп побара слика од Ван Гог на заем од „Гугенхајм“, тие му понудија златна ве-це шолја


Американскиот претседател Доналд Трамп наводно барал од музејот „Гугенхајм“ да му дадат на заем слика од Ван Гог, која би била во Белата куќа се додека е тој претседател, а челните лица на музејот му одговорија дека може да му понудат скулптура од ве-це шолја, која веќе ја користеле 100. 000 посетители.

Скулптурата од 18 каратно злато е дело на Маурицио Кателан, кој бил инспириран од одлуката на Трамп да се кандидира за претседател на САД.

„Жал ни е што не можеме да одговориме позитивно на вашата молба, но се надеваме дека оваа специјална понуда ќе биде идеална замена“, напишала Ненси Спектор во одговорот испратен до Белата куќа, пишува „Вашингтон Пост“.