Трамп му честиташе на Кавано за изборот за судија во Врховниот суд на САД
Претседателот на САД, Доналд Трамп му честиташе на Сенатот за потврдата за избор на неговиот кандидат Брет Кавано за судија во Врховниот суд за кој истакна дека ќе биде „брилијантен судија“, а Кавано положи веднаш заклетва по гласањето.
Кавано стана и официјално судија во Врховниот суд со положување заклетва синоќа во зградата на Судот, додека демонстранти бурно реагираа против неговото поставуавње на таа функција.
Сенатот со 50 гласови „за“ и 48 гласови “ против’“ синоќа потврди именување на Кавано што беше спорно бидејќи против него беше покрената истрага врз основа на обвинувања за сексуално злоставување пред повеќе од 30 години.
Трамп го пофали неговиот „темперамент, неверојатно минато и исклучителни години поминати како судија“.
Полицијата приведе 164 луѓе кои протестираа на Капитол хил во Вашингтон додека во Сенатот се одвиваше гласањето.