Трагедија во Тетово: Мајка и четири деца изгореа во пожар
Мајка и нејзините четири деца загинаа во пожар што избувнал утринава во нивната куќа во населбата Поток во Тетово.
Фатиме Зулбеари имала 38 години. Децата се на возраст помеѓу 4 и 13 години. Станува збор за три машки и едно женско дете.
Пожарот избувнал околу 4 часот утринава и зафатил неколку куќи. Во моментот се уште трае увид на обвинителството и полицијата.