Тотенхем нема да игра на новата арена против Арсенал
Раководството на Тотенхем потврди дека на 2 март „Спарс“ ќе го преземе Арсенал на Вембли, а не, како што беше планирано претходно, на нивниот нов стадион.
– Во моментов можеме да потврдиме дека работата за воспоставување и верификација на сите безбедносни системи е близу до завршување. Сега треба да ги тестираме перформансите на системите за заштита од пожар и алармот, како и начинот на кој тие комуницираат со други системи. Успехот на овој тест ќе биде многу важен за да разбереме кога можеме да го отвориме стадионот. Сега можеме само да кажеме дека на 2 март натпреварот против Арсенал ќе го играме на „Вембли“, соопшти Тотенхем.
Претходно, раководството на тимот од Северна Лондон објави дека ќе направи се што е во негова моќ „Тотенхем Хотспур стадион“ да го отвори со дербито против Арсенал.
Тимот од почетокот на сезонаат 2017/18 своите натпревари кога е домаќин ги игра на „Вембли“.