Торес објасни зошто си заминува од Атлетико Мадрид
Причината зошто легендата на Атлетико Мадрид, Фернандо Торес го напушта клубот е само една – недостатокот на повеќе минути на теренот.
Шпанецот го објави своето второ збогување со шпанскиот клуб, иако неговата желба беше да игра за „јорганџиите“ до крајот на својата кариера. Торес остана незадоволен од крајно ограниченото време за играње, и затоа решил да го напушти „Ванда Метрополитано“.
Од почетокот на сезоната, тој забележал само 1.280 минути и започнал како стартер во 10 натпревари. Минатата сезона, Торес помина на теренот 2.197 минути, беше стартер во 21 од 45 натпревари и постигна 10 гола.
Во сезоната 2015/16 тој одигра 2.530 минути, кои беа дистрибуирани во 44 натпревари и постигна 12 гола. Тој исто така беше стартер во финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид во Милано.
– Се чувствувам како да можам да игра, да придонесувам повеќе и сакам да продолжам да играм. Тоа е една од причините за оваа одлука, изјави Торес.
Во 2007 година тој го напушти Атлетико Мадрид откако неговиот тим загуби со 0:6 од Барселона на „Висенте Калдерон“.
Напаѓачот, исто така, призна дека никој, освен претседателот на клубот не бил свесен за неговата одлука да се збогува со Атлетико.
– Оваа година играв многу помалку од претходната. Сакав да ја завршам мојата кариера овде, но не на овој начин. Сакам да играм и да бидам корисен. Ако не сум корисен, нема смисла да седам на клупата. Отсекогаш сум се борел за моето место. Отсекогаш ги прифаќав одлуките на тренерот. Тие ме мотивираа дополнително, додаде напаѓачот на „црвено-белите“.