Топ-моделот се породи: Цеце Георгиев роди ќерка


Манекенката и бизнисменка Цеце Георгиев, претходно Орешкова се породи. Со сопругот, исто така, манекенкен и бизнисмен Кристијан Георгиев добија ќерка која ја крстија Кара Розмари.

Мајката и бебето се чувствуваат добро, а бидејќи приновата е прва во семејството, велат нивната среќа нема крај.

И Цеце и Кристијан по успешните кариери во земјата и регионот, влегоа во бизнисот на недвижности. Атрактивната двојка, долгогодишната љубов ја крунисаа во 2015 година.

Цеце, по примерот на славната актерка Деми Мур се соблече во поодмината бременост. Секси црно-белите фотографии кај што позира сама или со сопругот Кристијан Георгиев ги сподели на социјалните мрежи. Жените и честитаа на храброста, а мажите беа воодушевени од нејзината убавина. (Л.С.)