Тимоние: Законот за јазици не е приоритет за Европската Унија


„Не беше пожелно да му стави европска етикета на Законот за јазици“,  изјави амбасадорт на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние во интервју за „Макфакс“. Амбасадорот одговарајќи на новинарско прашање за блокирањето на Собранието со над 35 илјади амандмани на ВМРО-ДПМНЕ за овој закон, рече дека тој не бил почнат на најсоодветен начин.

„Собранието не функционира така како што треба“, рече Тимоние. „Законот не беше приоритетен за Европската Унија“, изјави амбасадорот. Tој се повика на изјавата на еврокомесарот Јоханес Хан.

„Албанските партии се легитимни и посакуваат ова прашање да биде решено“, додаде Тимоние.  Амбасадорот се повика на изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој рече дека за овој закон чекале 150 години и ќе почекаат уште малку.

„Треба да се најде инспирација во неговата мудрост“, изјави амбасадорот на Франција.

Тимоние потенцираше дека многу поважно е земјата да го убеди Брисел дека македонската демократија е функционална.  Амбасадорот изјави дека е изненаден од леснотијата со која им бил симнат имунитетот на пратениците во Собранието. „Не е најважен притворот, туку конечната пресуда“, изјави амбасадорот.