Тимберлејк ќе пее на наградите „Брит“ во Лондон


САД-Поп пејачот Џастин Тимберлејк ќе биде дел од музичарите кои ќе се качат на сцената на церемонијата на доделувањето на наградите “Брит” следниот месец. Од весникот “Сан” велат дека Тимберлејк дури е поврзуван за хедлајнерите на престижниот музички настан, за време на кој тој ќе исполни некој од последните хитови.

“Џастин стана дел од историјата на Брит, откако ги исполни дуетот со Кајли во 2003 година и затоа тој секогаш ќе биде поврзуван со наградите. Овој пат, сепак, тој ќе се појави самостојно “, додаде информаторот.

Покрај него на церемонијата на 21 февруари во Лондон ќе пејат во живо Рита Ора, Rag’n’Bone Man, Ед Ширан, Сем Смит, Стормзи и “Фу Фајтерс”.

Претходно сепак Џастин има учество на друг уште поспектакуларен и долгоочекуван настан. В недела, ќе биде ѕвезда во полувремето на овогодинешното финале на “Супер Боул”.

За поп пејачот тоа ќе е трето учество во шоуто, тоа е рекорд за индивидуален изведувач.