Тенисерот Цонга тајно се ожени
Франција-Францускиот тенисер Жо-Вилфред Цонга (33) се ожени со долгогодишната девојка, швајцарската манекенка Нура Ел Швек. Двојката е во врска од 2014 година, а лани го добија синот Шугр.
Свадбата била во замок, во Франција, во присуство на семејството и колегите-тенисери.
Некогаш славниот тенисер меѓу првите десет на светот, сега според АТП листата е рангиран на 64 место. Годинава настапуваше само на два турнира- на Австралија и на Понпеље.
Минатиот викенд се ожени и Дани Валверду, тренерот на бугарскиот тенисер Григор Димитров.