Тенди Њутон во Кан со тоалета украсена со актери од „Војна на ѕвездите“


Франција– Тенди Њутон можеби е „Соло“ ѕвезда – но таа ги слави сите оние кои биле пред неа!

Актерката и нејзините колеги присуствуваа на прикажувањето на „Соло: Приказна за Војна на ѕвездите“ кој беше прикажан на Канскиот филмски фестивал вчера, а Њутон имаше неверојатно модно појавување на црвениот килим. Ѕвездата од „Вестворлд“, која е првата афроамериканска актерка која се појавила во главната улога во оваа епска франшиза, носеше уникатен фустан од Вивиен Вествуд, украсен со машките афроамерикански ѕвезди од претходните филмови на „Војна на ѕвездите“.

На тенкиот фустан имаше сини цветни детали, заедно со принтови на акционите ликови како Џон Богега во улогата на Фин, Самуел Л. Џексон како Мејс Винду, Били Ди Вилијамс како Ландо Калрисијан, Форест Витакер како Со Џерера и Хју Куарши како Капетан Панака.