Театарот на бугарската армија со „Железниот светилник“ вечерва во МНТ


Театарот на бугарската армија вечерва ќе гостува во Македонскиот народен театар во Скопје со претставата „Железниот светилник“ на авторот Димитар Талев, а во режија на Асен Шопов.

Гостувањето на Театарот на бугарската армија е во рамките на турнејата низ Македонија која опфаќа повеќе градови, а во организација на Фондацијата „Илија Камчев“, со покровителство на министерството за култура на Македонија и министерството за одбрана на Бугарија.

Најавено е и присуство на премиерите на двете земји, Зоран Заев и Бојко Борисов, но засега нема официјална потврда за тоа.

Независен весник и претходно пишуваше за „Железниот светилник“ на славниот писател и како тоа низ годините ги поврзува двете земји.