„Тајм“: Ријана, Доналд Трамп, Кајли Џенер… највлијателни на Интернет


САД– Кајли Џенер, Канје Вест, Ријана, Бизи Филипс и Мет Драџ се најдоа на листата на највлијателни луѓе на интернет магазинот „Тајм“. На листата е и човекот кој има 53 милиони следбеници на Твитер – американскиот претседател Доналд Трамп.

Магазинот ги стави тие јавни личности на својата годишна листа земајќи го предвид нивното глобално влијание на социјалните мрежи и вкупната способност да произведуваат вести.

Меѓу останатите кои се најдоа на листата од 25 личности се наоѓаат и корејската поп ѕвезда БТС, Логан и Џејк Пол и општестевените активисти Шон Кинг, Иман ел-Нафијан, студентите на Паркланд на Флорида, кои инсистираа на реформи на законот за поседување оружје.

Кога станува збор за Трамп, „Тајм“ наведува дека неговиот „неортодоксен тек на свеста“ создал наловни страници и ја галванизирал неговата база.

Магазинот оддал признание на претседателот дека го претворил својот Твитер во „ултимативна претседателска кавгаџиска говорница“, пренесуваат агенциите.