Тачи нареди почеток на работата за формирање на ЗСО


Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска наложи да почне работата на формирање на Заедница српски општини (ЗСО), соопшти портпаролот на претседателот.

Весникот „Коха“ наведува дека одлуката на Тачи доаѓа по неговата петочна средба во Брисел со српскиот претседател Александар Вучиќ и високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини.

Весникот наведува дека според некои тврдења, косовскиот претседател и Владата имаат различни ставови за тоа прашање, кое е дел од Бриселскиот договор.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај во петокот изјави дека се уште не го ни прочитал Бриселскиот договор.