Таен состанок на претставници на САД и на Северна Кореја во Шведска


Високи претставници на САД и на Северна Кореја имале денеска ненајавен состанок во Стокхолм.

Според претставник од шведското Министерство за надворешни работи, на состанокот присуствувал заменикот министер за надворешни работи на Северна Кореја, Чо Сон Хви и специјалниот претставник на САД за Северна Кореја, Стивен Бигун.

– Тоа се само разговори од мал формат во кој учествуваат меѓународни експерти, изјави Дијана Кудаиб, портпарол на шведското МНР. На состанокот присуствувала и министерската за надворешни работи на Шведска Марго Валштром.