Суспендиран судијата кој досуди непостоечки пенал против Интер


Италијанската фудбалска федерација го суспендира судијата Росарио Абисо поради контроверзната одлука во натпреварот од 25. коло во Серија А меѓу Фјорентина и Интер.

Абисо им додели пенал на фудбалерите на Фјорентина во 96.минута од средбата, за наводното играње со раката на Данило Д’Амброзио во својот шеснаесетник .

По петминутна пауза и прегледување на ВАР снимката одлуката не беше промената, Фјорентина го реализира пеналот и избегна пораз.

Казната за Абисо е три кола. Тој нема да може да суди до 24 март. Покрај тоа, тој нема да биде делегиран на натпреварите на Интер до крајот на сезоната.