Столтенберг се сретна и со Јанева


Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска оствари средба со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, во рамки на неговата посета на Република Македонија.

На средбата, како што соопшти СЈО, Јанева го информирала Генералниот секретар на НАТО Столтенберг дека Јавното обвинителство со кое таа раководи има институционална одговорност за истражување на кривичните дела кои се поврзани и произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и оти е решително да ја исполни целта заради која е формирано.

Јанева на средбата нагласила дека работата на ова Јавно обвинителство е од исклучителна важност за обезбедување на владеењето на правото и враќање на довербата на граѓаните во институциите на државата, како еден од клучните предуслови за членство на Република Македонија во НАТО.