Средба Путин-Вучиќ: Состојбата на Балканот е многу сложена
Српскиот претседател Александар Вучиќ, на стратот на денешната средба со рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека се уште е далеку решението за спорот за Косово.
– Состојбата на западниот Балкан е многу сложена. Србија, како држава, секојдневно се соочува со бројни провокации. И покрај нашите напори да постигнеме компромис и да го поддржиме мирот и стабилноста, многу сме далеку од какво било решение за Косово и Метохија, изјави Вучиќ.
Тој додаде дека секогаш му е чест да се сретне со рускиот претседател Путин и дека денешната средба ќе има големо значење за Србија.
Вучиќ потенцира дека Србија останува посветена на принципот на воена неутралност, односно дека нема да бара членство во НАТО.
– Сакам да ја изразам и мојата голема благодарност до вас, претседателе, за цврстиот став што го имате во врска со заштитата на меѓународното право и на животни важните национални и државни интереси на Србија, му порача Вучиќ на Путин, кого го покани да го посети Белград.
Рускиот претседател изрази задоволство од посетата на Вучиќ и додаде дека „сигурно ќе имаме за што да разговараме во врска со состојбата во регионот“.