Средба на Заев со нашите олимпијци во Сараево


Пред почетокот на Европските младински олимписки игри во Сараево, македонскиот премиер Зоран Заев се сретнал со македонските претставниици на овој настан – Ана Марија Зафировска и Никола Петковски. Тие ќе се натпреваруваат во дисциплината “крос кантри”, а овој настап за нив ќе биде прво меѓународно искуство.
„Сигурен сум дека ова е одлична можност за подготовка за претстојните олимписки игри во 2022 година.Им посакав среќа и успех и ги уверив дека освен мојата, ја имаат поддршката од сите граѓани на Република Северна Македонија. Успехот во спортот носи голема радост и секако е најголем амбасадор на една земја“, напиша Заев на својот Фејсбук – профил.
Тој пристигна денеска во Сараево, за да присуствува на церемонијата на отворањето на Европскиот младински олимписки фестивал (EYOF), кој се одржува на 35 – годишнината од Зимиските олимписки игри во овој град во 1984 година.