Средба Груби-Ромеро: Приоритет ЕУ реформите


Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Артан Груби, оствари средба со амбасадорот на Република Италија во Република Македонија, Н.Е.г. Карло Ромео.

На средбата, претседателот на Комисијата, г. Груби, разговараше со амбасадорот Ромео за актуелните настани, при што истакна дека во земјата приоритет се ЕУ реформите, кои се неопходни за отстранување на условената препорака за давање датум за почеток на преговорите за ЕУ членство, во претстојниот Годишен извештај на Европската комисија за Република Македонија, во април.

Во однос на Законот за Употреба на Јазиците, Груби истакна дека ниту еден друг закон не е дебатиран повеќе и подолго од законот за јазиците и затоа дојде време да се затвори ова прашање деновиве со што успешно ќе го заокружиме нормативниот дел на Охридскиот Договор.

Истата храброст во решавање на прашањата треба заеднички да ја демонстрираме и со спорот со името.
Амбасадорот Ромео ги поддржа ЕУ процесите во земјата, кои се во насока на нашите евроатлантски интеграции, при што изрази надеж дека Македонија ќе ги испорача потребните резултати до затворањето на Извештајот.

Во тој контекст, ја потврди италијанската заложба за интегрирање на земјите од Западен Балакан во ЕУ и НАТО, што беше потврдено и на последниот самит во Трст, мината година.