Спасовски во Куманово: Недела е ден за историска одлука, излезете и гласајте


Министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ Оливер Спасовски денеска беше во посета на општина Куманово, каде се сретна со стачјни работници и со граѓани од повеќе населени места од оваа општина.

– Членството во НАТО и ЕУ е безбедност и стабилност. Но членството во НАТО и во ЕУ е и нови инвеститори. Инвеститорите сакаат предвидлива клима за инвестирање и стабилност,  а не неизвесност. Нови инвеститори значи нови работни места, поголема конкурентност, повисоки плати, подобар животен стандард. Шанси за децата во нашата земја, порача Спасовски.

Спасовски посочи дека во услови кога ја имаме поддршката од земјите членки на НАТО и на ЕУ, немаме право да им ја скратиме таа поддршка на нашите деца и упати повик до граѓаните во недела на референдум, слободно, гордо и достоинствено да излезат на рефереднум, бидејќи одлучуваат само оние кои ќе гласаат/

– Ние кои имаме право на глас, повикани сме во овој историски важен момент за нас и за Македонија, да донесеме нова правилна одлука. Затоа, во недела не се седи дома. Недела е ден за историска одлка. Одлука со која ќе влијаете на  иднината на вашиот  живот и животот на идните поколенија. Во недела, на 30 септември излезете и гласајте за европска Македонија, повика Спасовски.