Со посредство на УНМИК, Косово го презеде претседавањето со ЦЕФТА
Косово, со посредство на УНМИК, денеска го презеде преседавањето со ЦЕФТА, потврди косовскиот министер за трговија и индустрија Бајрам Хасани.
Претходно, Србија одби да го прифати преседавањето на Косово како рамноправна земја во рамките на ЦЕФТА, односно договорот за слободна трговија во централна Европа, па поради тоа беше одлучено да претседава со посредништво на УНМИК.
Хасани посочи дека стратешката цел при преседавањето ќе биде создавање на регионални економски зони.