Со интеркултурната комуникација до прогресивно општество
Мултиетничките општества и средини бездруго изискуваат кохезија помеѓу населението на една држава со цел истото да биде прогресивно. Клучот на кохезијата на едно општество е интеркултурната комуникација и интеракција. Засегнатите страни во мултикултурните општества треба постајоно да работат на обезбедување нови можности за младите да бидат проактивни во напорите да ги разберат сличностите и разликите на културните заедници со кои кохабитираат. Една од таквите можности се информалното и неформалното образование, кое станува се порелевантно и неопходно за надоградување на капацитетите на младите. Имајќи ги предвид потребите на општеството особено младите, Волонтерски Центар Скопје реализира интеркултурен проект: „Без расправање“, поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија. Во рамки на проектот се реализира петдневен Летен камп ИнКоИн – интеркултурна комуникација и интеракција во Центар Солферино, Струга. Адолесцентите од Скопје, Гостивар и од Струга имаа можност да бидат дел од интеркултурниот камп и преку неформални методи да научат за интеркултурната комуникација и интеракција. Создавањето на мала заедница со 20 тинејџери, подалеку од најблиските на учесниците им даде прилика да ги запознаат, сличностите и разликите на културите на нивните врсници. Покрај тоа, тие ги забележаа заедничките предизвици и неповолности кои општеството и одредени фигури во него ги наметнуваат како најрелевантни. Соживотот, на едно место е одличен начин за дружба, културна интеракција, осознавање на вредностите на културите и давањето можност да се скршат стеротипите кои на младите им се наметнати од возрасните. Избирањето на учесници од мултиетнички средини, со различен степен на кохезија и толеранција, како различни пракси, е еден од најкорисните методи во неформалното образование кои се користат за да се изгради целосна слика од предностите на мултикултурните средини. Диверзитетот е тој кој обединува, меѓутоа, иситиот треба да биде негуван и одржуван со цел да остане обединувачкиот фактор во општеството. Активностите како Летниот камп ИнКоИн, позади себе оставаат трајни пријателства и побратимувања помеѓу младите кои доаѓаат од различни социјални и културни средини. Нивната обединетост, претставува зачеток на една сплотена генерација која ќе биде оспособена да ги увиди вистинските проблеми со кои се соочуваат младите како што се: невработеност, маргинализираност, немањето доволни просперитени можности во општеството и останати предизвици кои го оставаат општеството во една точка и не дозволува понатамошен прогрес. Активностите на Летниот камп кои целеа кон градење на тим и дух на обединетост помеѓу младите придонесува кон градење на кохезивна генерација која понатака ќе продолжи да ги негува, вреднува и споделува вредностите на мултикултурното општество преку кои ќе обезбедат прогрес во општеството.