Состојбата на Скрипал повеќе не е критична


Поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал повеќе не е во критична состојба и добро реагира на лекувањето по нападот со нервниот агенс минатиот месец, објави болницата во Солсбери.

– Тој добро реагира на лекувањето, неговата состојба брзо се подобрува и повеќе не е критична, соопшти Кристин Бланшард, медицинска директорка во болницата во Солсбери.