Сопругата на Шумахер купи вила од 30 милиони евра во Мајорка
Шпанија– Сопругата на Михаел Шумахер купила вила од 30. милиони евра во Мајорка. Корина Шумахер купила имот од 5.667 метри квадратни од претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, објави германски Bild.
Раскошната куќа се наоѓа недалеку од Андраткс, и има два базени, голем двор, хелидром, куќа за гости и прекрасен поглед кон морето.
Се претпоставува дека семејството на Шумахер вилата ќе ја користи за одмор, бидејќи тие немале намера да ја напуштат Швајцарија.Големиот имот е опкружен со други вили во западниот дел на островот.
Семејство Шумахер се обидува да ја зачува неговата приватност по несреќата што седумкратниот шампион на Формула 1 ја имаше во декември 2013 година. Пред несреќата, Мајкл и Корина многу години поминале во Мајорка.
Перез вилата ја купил пред 13. години за 24,6 милиони евра и не бил во неа од 2012. година, откако неговата сопруга Мари умрела.