Сончево, со слаб доумерен ветер
Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од западен правец. Во текот на ноќта облачноста ќе се зголемува.
Утринската температура ќе се спушти на два, а дневната ќе се искачи до 23 степени.
Времето утре ќе биде променливо облачно, попладне во западните делови со локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови значително намалување на дневната температура, особено во северните делови.