Солун: Запален автомобилот на албанскиот конзул


Непознати лица синоќа го запалиле блиндираниот автомобил на генералниот конзул на Албанија во Солун.

Палењето се случило во два и пол часот по полноќ. Екипа на противпожарната бригада пристигнала на местото на настанот. При прегледот, полицијата открила експлозивна направа. Истрагата се уште трае.

Сѐ уште нема реакција од Албанија.