Солистички концерт на Ева Богоевска во Париз


По  минатогодинешниот успешен настап на виолинистката Ева Богоевска во Карнеги Хол,Њујорк каде настапи како првонаградена на интернационален натпревар за класична музика и успешниот концерт во Театарот Марчело во Рим,Богоевска продолжува да концертитра и да не претставува во светот.

Македонската виолинистка Ева Богоевска на 02 септември 2018 (недела) ќе одржи Солистички концерт во Париз.

Концертот ќе се одржи во Американската катедрала во Париз, која е реномирана адреса специјализирана за настапи на класична музика. Пијано соработник на концертот ќе биде нашата реномирана пијанистка Весна Ангелова Христов, а на програмата ќе бидат застапени дела од Моцарт,Бетовен,Сен Санс.

Солистичкиот концерт на Ева Богоевска во Париз ќе се реализира со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија,а во рамките на престојот во Париз, нашите уметници ќе бидат примени и од амбасадорка на Република Македонија во Францијаг-ѓа Јадранка Чаушевска   Димов.

Ева Богоевска е студент на ФМУ во класата на проф.Олег Кондратенко.Таа има освоено многу меѓународни победи како првата награда на фестивалот Сан Ремо-Јуниор,Италија (2012 год.),Лауреатот од прв степен на Меѓународен Фестивал за класична музика во Санкт Петербург,Русија(2014 год.),Гран При на интернационален Фестивал за класична уметност и култура во Ерусалим,Израел(2016 год.),прва награда на Интернационалниот натпревар за класична музика во Њујорк…