Смртниот биланс од протестите на „жолтите елеци“ се искачи на девет лица


Уште едно лице настрада на протестите на „жолтите елеци“, што е девета жртва од почетокот досега, соопштија француските власти.

Министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер изјави дека последната жртва е демонстрант, кој загинал во југозападниот град Ажен.

Повикувајќи на мир во текот на божикните и новогодишните празници,  Кастанер рече: „Ова мора да престане. Деветмина настрадани“.

Пратеникот Оливије Дамасан напиша на Твитер дека демонстрантот бил удрен од камион, и дека тој бил локален лидер на движењето „жолти елеци“.

Уште осум лица настрадаа во текот на протестите на „жолтите елеци“, воглавно во сообраќајни несреќи.

Демонстрантите продолжуваат да блокираат наплатни рампи и кружни текови.