Случај Тодориќ: Ќе му судат судија и двајца граѓани поротници


Судот во Загреб се подготвува за доаѓањето на оснoвачот на концернот Агрогор, Ивица Тодориќ, кој со одлука на судските власти во Лондон треба да биде испорачан на хрватското правосудство. Доколку случајот Агрокор е во надлежност на УСКОК би суделе тројца судии професионалци, пишува „Јутарњи лист“.

Но, како што додава весникот, обвинителството не смета дека 1,6 милијарди куни тешката штета e плод на злосторничко здружување кое би го формирал Тодориќ, како би ги ставил парите од концернот во сопствен џеп, па сега предметот е во надлежност на државното обвинителство.

„Интересен е деталот на овој предмет, кој сигурно ќе биде најкомплексен во Хрватска од финансиската област, во фактот што на Тодориќ, неговите синови и останатите евентуално обвинети ќе им суди судија професионалец и двајца судии поротници“, пишува хрватскиот весникот.