Словенечката полиција ги казни првите хрватски рибари-ловеле во словенечки води
Словенечката полиција вчера издаде казни за 14 хрватски рибари за кршење на нејзините територијални води, соопшти МВР на Словенија.
Паричните казни се испратени на адресите на сопствениците на 14 рибарски бродови од Хрватска.
Хрватските рибари се обвинети за „неовластен пристап до словенечката поморска граница”, се наведува во соопштението на словенечката полиција.
Оние кои нема да ја платат казната може да им биде забрането да влезат во Словенија, се вели во соопштението.
Загреб досега не се огласи за оваа прилика.
Словенија на 30 декември започна еднострано да ја применува одлуката на Арбитражниот суд, според која поголемиот дел од Пиранскиот залив и припаѓа на Словенија, вклучувајќи го и преминот кон меѓународните води.
Хрватска сé уште не ја признава арбитражната одлука.