Следната недела почнува расправата по ребалансот на Буџетот


Во Собранието на Република Македонија следната недела почнува расправата по ребалансот на Буџетот за 2018 година. Во понеделник е закажана седницата на матичната Комисија за финансирање и буџет. Согласно деловникот на Собранието, седницата на Комисијата трае 10 работни денови.

Владата го усвои предлог ребалансот на седница на 13-ти овој месец. Според предлогот на Владата, со ребалансот има намалување на приходната и расходната страна за 0,5 отсто. Се задржува буџетскиот дефицит на 2,7 отсто, а се ревидира проекцијата за економскиот раст на 2,8 отсто.