Скандал во Британија: Сопственикот на Топшоп сексуално ги злоставувал вработените


Англија- Членот на британскиот парламент, Лордот Питер Хајн и официјално го обвини сопственикот на модната компанија „Топшоп“, Филип Грин дека сексуално и психички злоставувал дел од своите вработени за што им плаќал и ги натерал да потпишат договор, пишуваат британските весници.

Имено, тој го искористи неговото пратеничко право и јавно го идентификуваше бизнисменот откако скандалот некое време ѝ беше познат на британската јавност, но не се знаеше за кој всушност се работи.

Многумина ја поздравија одлуката на пратеникот и Парламентот јавно да се објави името на бизнисменот за што ќе кажат дека токму таквите работи прават граѓаните да веруваат во правдата и институциите.

Со оглед на тоа што кралицата Елизабета му ја додели титулата „Сер“, медиумите пишуваат дека голема е веројатноста истата да му биде одземена, секако, ако се докаже дека тој е виновен.

Скандалот се истражува повеќе од осум месеци за кој се знаеше само дека угледен британски бизнисмен злоставувал дел од своите вработените на сексуална и расистичка основа и за истото им плаќал подолго време и ги терал да потпишат договори во кои пишувало дека никогаш нема да говорат за приказната во јавност.

Целата приказна ја објави познатиот британски весник „Телеграф“ чии новинари месеци наназад го истражуваат скандалот.

Деновиве на социјалните мрежи се јавија и обожавателите на Бијонсе чија колекција „Ivy Park“ е на продажба во „Топшоп“, истата да ја повлече и да ја прекине соработката со компанијата. За тоа, пејачката сè уште не дала коментар.