Сите плати во врвот на Министерството за одбраната над 1.000 евра


Со 1.280 евра (78.791 денари) месечна плата министерката за одбрана Радмила Шеќеринска е најплатениот кадар на Министерството за одбрана, јавува Телма

Втор по висината на платата е генерал потполковникот Методија Величковски, кој како началник на ГШ на АРМ добива 76.372 денари плата (1241 евра).

Заменик министерот Беким Максути има месечна плата од 64.844 денари или 1055 евра, а најмала плата во раководната структура на МОРМ има државниот секретар Драган Николиќ, 59.274 денари односно 965 евра.

Заменикот на Величковски, генерал-мајорот Мухамед Рацај и директорот на Генералштабот, генерал мајор Димче Петровски имаат ист чин и иста плата по решени, 66.250 денари (1080 евра).

Платите на раководните функционери и генерали во АРМ ги објави Министерството за одбрана, во рамките на проектот за транспарентност.