Сите гласачки ливчиња во Кабул од парламентарните избори во Авганистан прогласени за неважечки
Сите поднесени гласачки ливчиња во Кабул на парламентарните избори во октомври се неважечки, одлучи денеска независната Комисија за изборните жалби во Авганистан.
Комисијата ја образложи својата одлука со 25 причини, вклучувајќи измами од големи размери и лошо управување со изборниот процес од страна на авганистанската Независна изборна комисија, изјави портпаролот на комисијата за жалби Алиреза Рохани.
Парламентарните избори во Авганистан се одржаа на 20 октомври во 32 од 34 провинции во земјата. Поради безбедносни проблеми и организациски тешкотии, гласањето во 400 изборни единици беше одржано подоцна. Во провинцијата Кандахар гласањето беше одложено за една недела поради напад во кој загина шефот на локалната полиција.