Синот на Михаел Шумахер сака да го заслужи местото во Формула 1
Швајцарија– Мик Шумахер, 19-годишниот син на седумкратниот шампион во Формула 1, Михале Шумахер, потврди дека пред себе си поставил цел да настапува во Ф1. Но, не сака во најелитното натпреварување да влезе само со името и со славата на својот татко, туку да напредува чекор по чекор и да си го заслужи местото. Мик Шумахер сега се натпреварува во шампионатот во Формула 3 и моментно е на осмото место во генералниот пласман.
„За жал, досега среќата не беше на моја страна, но се надевам дека тоа ќе се смени во преостанатиот дел од сезоната. Се рабира, мојата голема цел е да се натпреварувам во Формула 1. Но, ние напредуваме постепено, со мали чекори“ – вели Мик Шумахер.
Легендарниот Ф1 шампион Михаел Шумахер по несреќата што ја доживеа скијање во Франција во декември 2013 година, заврши со тешки повреди на главата и во изминативе години се рехабилитира во Швајцарија, во целосна изолација од јавноста.
Сопругата на Михаел Шумахер неодамна купи вила од 30. милиони евра во Мајорка. Корина Шумахер купила имот од 5.667 метри квадратни од претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, објави германски Bild.
Раскошната куќа се наоѓа недалеку од Андраткс, и има два базени, голем двор, хелидром, куќа за гости и прекрасен поглед кон морето.
Се претпоставува дека семејството на Шумахер вилата ќе ја користи за одмор, бидејќи тие немале намера да ја напуштат Швајцарија. Големиот имот е опкружен со други вили во западниот дел на островот.