Силен земјотрес во Боливија


Земјотрес со интензитет од 6,9 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди јужниот дел на Боливија, соопшти Американскиот геофизички институт.

Потресот се случил на длабочина од 557 километри под површината на земјата, со епицентар на 209 километри во правец исток-североисток од градот Тариха.

Земјотресот предизвика паника меѓу населението, но нема жртви, разурнување или материјални штети, што, според експертите, се должи на големата длабочина на која било неговото жариште.

Потресот бил почувствуван и во соседниот Бразил, вклучително и во градовите Бразилија и Сао Паоло, каде голем број лица во паника ги напуштиле своите домови и работни простории.

Сао Паоло се наоѓа на околу 2.000 километри од епицентарот на потресот.