Се топи снегот на повисоките места


Сончевото време со натпросечни температури за овој период од годината предизвика топење на снегот во Лазарополе каде висината на снежната покривка е седум сантиметри, во Маврово пет сантиметри, во Крушево четири и во Тополчани еден сантиметар. Утринава времето е сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер, а по одделни котлини, вклучувајќи ја и Скопската, има слаба магла или заматеност на атмосферата. Температурата ќе се движи од 6 до 13 степени. Во Скопје денеска ќе преовладува слично време со температура до шест степени. Најстудено е утринава е во Берово каде се измерени -5 степени, а најтопло во Дојран каде минималната температура изнесува два степена. Стабилно и суво ќе биде до вторник. Во поголем дел од државата дневните температури ќе бидат над просекот за овој период. Најсончево ќе биде утре, а од недела ќе има умерена до значителна облачност. По котлините, вклучувајќи ја и Скопската, ќе има појава на магла и ниска облачност, особено од недела, а дневната температура ќе остане пониска.